Репрезентациите на Шпанија и на Германија станаа првите полуфиналисти на 41. Евробаскет чија завршница се игра во Берлин.
Пред својата публика во „Мерцедес бенз“ Арената, популарните „панцири“ одиграа навистина неверојатен натпревар во кој го турнаа на плеќи еден од топ фаворитите, селекцијата на Грција, предводена од Јанис Адетокунбо (107:96).
Денис Шредер беше најефикасен во Германија со 26. поени, додека вториот НБА играч на домашната селекција Даниел Тајс постигна дабл-дабл, 13 поени и 16 скока.
Кај Грција, Адетокунбо дојде од ефект од 31. поен, осум асистенции и седум скока.
Во полуфиналето, Германија ќе игра со Шпанија која беше подобра од Финска.
Претходно, во првиот четвртфинален натпревар, актуелниот светски шампион ја победи Финска со (100:90). Тоа е 11. пат по ред „црвената фурија“ да биде меѓу четирите најдобри во Европа.
До триумфот, Шпанците стигнаа благодарение на одличното второ полувреме откако во првото, Финска го диктираше темпото и направи висока предност. А Вили Ернангомес беше најефикасен играч во шпанската репрезентација со 27 поени. Неговиот брат, Хуанчо, постигна 15, а Брисуела додаде 14. Кај Финците, Лаури Марканен кој имаше двоен ефект од 18 поени и 11 скока.
Во среда се играат другите две средби од четвртфиналето. Од 17.15 часот ќе играат Франција и Италија, додека терминот од 20.30 часот е предвиден за мечот Словенија-Полска.