Кадетската репрезентација на Македонија го затвори учеството на турнирот во Скопје со натпреварот против најсилниот моќен противник во овој момент – репрезентацијата на Шпанија.
МАКЕДОНИЈА - ШПАНИЈА 58:113
Веројатно и првиот фаворит за златото на претстојното Европско првенство од Дивизијата „А“ во Скопје, селекцијата на Шпанија, го презентираше својот квалитет уште во почетните минути од контролниот натпревар против нашата машка селекција „Под 16“ години.
Во воведната четвртина, односно осум минути од играта, „црвената фурија“ се одвои на (30:12). А до крајот на првиот дел, постигна неверојатни 41.поен!
Не застанаа Шпанците ниту во втората четвртина, продолжија со ефикасната игра, и на полувреме имаа недостижен плус поени (70:30).
Во продолжението, успеавме, макар и делумно, да го намалиме поентерскиот ефект на далеку поквалитетниот ривал.
Доријан Ивановски беше стрелец на десет поени, Марјановиќ постигна осум, а Ѓорѓевиќ и Најков имаа по седум реализации во овој последен контролен меч за нашиот кадетски соства пред почетокот на Евробаскетот.
Вечерва од 21.часот, ќе разигруваат селекциите на Грција и на Израел, а овој подготвителен турнир во нашиот главен град ќе биде заговене во понеделник навечер, во исто време, кога ќе се сретнат репрезентациите на Грција и Шпанија.
РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПРВ ДЕН
Македонија – Израел 63:65
ВТОР ДЕН
Грција – Македонија 44:35
Израел – Шпанија 58:81
30.ЈУЛИ (НЕДЕЛА)
Македонија – Шпанија 58:113
Грција – Израел 74:79
31.ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)
18.30: Шпанија – Грција
*Сите натпревари се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје