30.07.2025

Шпанија ја потврди улогата на фаворит, победи (92:38), за нашите јуниори следуваат решавачките натпревари, за пласман од 9.до 16.место

Шпанија оди во четвртфиналето, Македонија во битка за опстанок во елитата

Машката селекција на Макдонија за кошаркарки „под 18“ години ќе игра за пласман од 9. до 16.позиција на ЕП од Дивизијата „А“ кое се одржува во Белград.

Во осминафиналето, фаворитот, селекцијата на Шпанија дојде до убедлив триумф, кој ги промовираше во четвртфиналисти, а на нашите јуниори им останува борба за местата кои носат играње во оваа конкуренција и следното лето.

ШПАНИЈА – МАКЕДОНИЈА         92:38

Македонските јуниори беа конкурентни во првиот период, оној во кој не му дозволивме на фаворизираниот ривал да направи некоја посериозна разлика. По десет минути играње во малата сала на белградската Арена резултатот гласеше (19:13).

Но работите почнаа да се менуваат од почетокот на вториот период, во кој „црвената фурија“ делуваше уште посигурно во одбраната. Дадовме седум поени во четвртината, па на полувремето заостанувавме (20:42).

Сличен беше развојот на настаните и во второто полувреме.

Шпанците ја покачуваа позитивата, која по три периоди беше сведена на (64:33). А не го спуштија темпото на игра ниту во последните десет минути во кои ја потврдија својата доминација.  

Во скромното поентерско издание на нашиот национален тим „Под 18“ на оваа средба, се издвои Димовски кој реализираше 13.поени. По шест реализираа Јаничиќ, Данев и Сребров, четири постигна Ѓорѓевиќ, еден помалку даде Сапороновски.

По овој пораз од еден до топ фаворитите за највисок пласман, за нашата јуниорска репрезентација следуваат натпреварите за пласман од 9. до 16. позиција на шампионатот во Белград.

Во можеби и клучниот меч за опстанок во друштво на европската јуниорска елита, македонските јуниори ќе се сретнат со поразената селекција од дуелот во кој се среќаваат Израел и Турција.