12.02.2021

 Во четвртфиналето, Басконија делуваше доминантно и обезбеди место во првите четири со сигурна победа (96:87)

Шпански „Куп на кралот“: Нема полуфинале за Димитријевиќ и Хувентуд

Вчера почнаа, а вечерва продолжија возбудувањата во „Купот на кралот“ на Шпанија. Првопласираните осум екипи во шпанската „Ендеса“ лига се борат за првиот трофеј во сезона.

А во третото четврфинале, Ненад Димитријевиќ и Хувентуд за противник го имаше актуелниот бранител на титулата во Шпанија, Басконија. Кошаркарите од Бадалона беа во постојано резултатски заостанување во текот на скоро сите 40.минути. Но никако не успеваа да направат и пресврт во играта и во резултатот.

На крајот се и поразени (96:87) и елиминирани од понатамошното натпреварување во шпанскиот куп.

По одличниот почеток во кој реализираше шест поени за неколку минути, Ненад Димитријевиќ застана, исто како и неговата екипа. Заврши со осум реализирани поени (4/5 за два поени) и две асистенции за 12:18 минути во игра.

Добра вест за стручниот штаб на нашиот национален тим, кој ќе го очекува младиот бек да им се придружи на подготовките во Скопје, и заедно со другиот дел од тимот од нашиот главен град да летне кон Перм. 

Во полуфиналето баскијците за противник ќе го чекаат подобриот од средбата Барселона-Уникаха. А претходно беше формирана првата полуфинална двојка на завршниот турнир во Мадрид: Тенерифе – Реал Мадрид.