24.10.2025

Во првата, веројатно и најважна категорија, поентерската, уште од првиот круг, „мртва трка“...

„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ - ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 1. КОЛО

Со оглед на тоа дека неколку кошаркарки имаа висока реализација, Во првата, веројатно и најважна категорија, поентерската, уште од првиот круг, „мртва трка“...

Сепак, за нијанса се издвои поентерскиот ефект на Кајал Томас (Пробаскет), кој реализираше 29.поени, односно еден повеќе во однос на Цветанка Димова (Баскет кам), и два од Аби Нихуес (Крива паланка).

Новата кошаркарка на екипата од Кавадарци има и најголем број на скокови во првото коло. Оствари дури 18, од нив 13 беа напаѓачки. Малку подобар ефект во однос на Ивана Кметовска (Баскет кам) која има 14, односно Сања Адамовска и Катерина Поп-Димитровска од Баскет кам, Аби Нихуес (Крива паланка) и Тамара Веселиновиќ (Спорт тим) кои имаат по 12.скока.

Марија Николов од Бадел 11862 има најмногу додавања, на гостувањето во Кавадарци оствари девет, две повеќе од Ивана Кметовска (Баскет кам), и три во однос на Глорија Груевска (Крива паланка), Софија Стоева (пробаскет) и Сања Адамовска (Баскет кам).

Прва на листата на кошаркарки со најголем број на загубени топки е Ина Рашова од Патриот 2016 која тргна со бројката од осум грешки, една помалку има нејзината клупска колешка, Мелани Стојменовска, додека по шест загубија Марија Николов (Бадел 1862), Сара Атанасовска (Патриот 2016) и Ана Лукиќ (Спорт тим).

Сања Адамовска од Баскет кам и Аби Нихуес (Крива паланка) имаат најмногу освоени топки, по пет.

А неколку кошаркарки, како Тамара Ѓоргиевска и Аби Нихуес од Крива паланка), Кајла Томас и Милица Јовановиќ од Пробаскет, Сара Митановска (Спорт тим), и Елена Тасевска од Вардар, забележаа по две блокади во стартното коло.

Кошаркарката на Патриот 2016 од Делчево, Сара Атанасовска одигра најмногу минути во премиерното коло – 39:24, нешто повеќе во однос на Ана Лукиќ (Спорт тим) која е на 39:19, и Кајла Томас од Пробаскет, која одигра пет секунди помалку, односно 39:14.

Катерина Поп-Димитровска од Баскет Кам, Ина Рашова (Патриот 206) и Алексис Пул (Крива паланка), имаат максимален ефект од линијата за слободни фрлања.

Пул има најдобра реализација во обидите за два поени, погодува со 81.8% на успешност. Во оние за три, предначи, нејзината тимска колешка Даја Грин, која ги погоди сите обиди, а Алексис Пул севкупно земено, е со најдобра реализација во шутот од поле (81.8%).

ПОЕНИ

Играч нат. поени просек

1.Кајла Томас (Пробаскет) 1 29 29.0

2.Цветанка Димова (Баскет кам) 1 28 28.0

3.Аби Нихуес (Крива паланка) 1 27 27.0

4.Алексис Пул (Крива паланка) 1 26 26.0

5.Даја Грин (Крива паланка) 1 26 26.0

СКОКОВИ

1.Кајла Томас (Пробаскет) 1 18 18.0

2.Ивана Кметовска (Баскет кам) 1 14 14.0

3.Сања Адамовска (Баскет кам) 1 12 12.0

4.Аби Нихуес (Крива паланка) 1 27 27.0

5.Тамара Веселиновиќ (Спорт тим) 1 12 12.0

АСИСТЕНЦИИ

1.Марија Николов (Бадел 1862) 1 9 9.0

2.Ивана Кметовска (Баскет кам) 1 7 7.0

3.Глорија Груевска (Крива паланка) 1 6 6.0

4.Софија Стоева (Крива паланка) 1 6 6.0

5.Сања Адамовска (Баскет кам) 1 6 6.0

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.Ина Рашова (Патриот 2016) 1 8 8.0

2.Мелани Стојменовска (Патриот 2016) 1 7 7.0

3.Марија Николов (Бадел 1862) 1 6 6.0

4.Сара Атанасовска (Патриот 2016) 1 6 6.0

5.Ана Лукиќ (Спорт тим) 1 6 6.0

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Сања Адамовска (Баскет кам) 1 5 5.0

2.Аби Нихуес (Крива паланка) 1 5 5.0

3.Сара Петровска (Пробаскет) 1 4 4.0

4.Милица Јовановиќ (Пробаскет) 1 4 4.0

5.Јана Пислевска (Вардар) 1 4 4.0

БЛОКАДИ

1.Тамара Ѓоргиевска (Крива паланка) 1 2 2.0

2.Кајла Томас (Пробаскет) 1 2 2.0

3.Милица Јовановиќ (Пробаскет) 1 2 2.0

4.Аби Нихуес (Крива паланка) 1 2 2.0

5.Сара Митановска (Спорт тим) 1 2 2.0

МИНУТИ

1.Сара Атанасовска (Патриот 2016) 1 39:24 39:24

2.Ана Лукиќ (Спорт тим) 1 39:19 39:19

3.Кајла Томас (Пробаскет) 1 39:14 39:14

4. Преслава Атанасова (Патриот 2016) 1 38:56 38:56

5.Сара Максимовска (Баскет кам) 1 38.00 38:00

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН

1.Катерина Поп Димитровска (Баскет кам) 1 100%

2.Ина Рашова (Патриот 2016) 1 100%

3.Алексис Пул (Крива паланка) 1 100%

4.Цветанка Димова (Баскет кам) 1 83.3%

5.Софија Стоева (Пробаскет) 1 80.0%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ

1.Алексис Пул (Крива Паланка) 1 81.82%

2.Кајла Томас (Пробаскет) 1 80.0%

3.Теа Трајковска (Вардар) 1 77.78%

4.Аби Нихуес (Крива паланка) 1 75.0

5.Елена Тасевска (Вардар) 1 71..4%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ

1.Даја Грин (Крива паланка) 1 100%

2.Ива Чолакоска (Бадел 1862) 1 71.4%

3.Моника Зафировска (Вардар) 1 66.6%

4.Јована Димовска (МЗТ Бела вода) 1 60.0%

5.Јана Пислевска (Вардар) 1 60.0%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО

1.Алексис Пул (Крива паланка) 1 81.8%

2.Кајла Томас (Пробаскет) 1 80.0%

3.Теа Трајковска (Вардар) 1 77.7%

4.Аби Нихуес (Крива паланка) 1 75.0%

5.Даја Грин (Крива паланка) 1 71.4%