Би се рекло и помалку очекувано, првото коло, гледано на оној индивидуален план, донесе доминација на странските кошаркарки во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига-жени.
Во првиот круг од натпреварите тоа се однесува на три кошаркарки од екипата на Крива паланка, плус и најголемиот адут на кавадаречки Пробаскет. Место во идеалните пет на првото коло избори една од најмладите кошаркарки во екипата на Вардар – Теа Трајковска.
АБИ НИХУЕС (КРИВА ПАЛАНКА)
Најдобар ефект во првото коло, односно извонредни 43. индексни поени оствари новото засилување на екипата од Крива паланка. На натпреварот со делчевски Патриот, реализираше дабл-дабл учинок. За 22:16 минути на теренот, реализираше 27.поени (12/16 во обидите од поле, 3/4 од линијата за слободни фрлања), но и 12. скока (седум офанзивни), но и пет освоени топки, и по две асистенции и блокади.
КАЈЛА ТОМАС (ПРОБАСКЕТ)
Беше двигател на скоро сите акции, доминираше во рекетот, и во одбраната на Пробаскет во дуелот со Бадел 1862, одговори на најголем дел до задачите, но на крајот, нејзинаата одлична игра не беше валоризирана и со триумф на Пробаскет на премиерата од новата сезона. Остана на теренот скоро сите 40.минути. и реализираше одлични бројки. Имаше 29.поени (12/15 во обидите за два поени и 5/9 во фазата на нападот, додаде и 18. скока, дури 13 од нив во фазата на нападот, како и по две блокади, асистенции и загубени топки. Сето тоа заедно за 42. индексни поени, втор најдобар скор во овој прв круг од натпреварите.
АЛЕКСИС ПУЛ (КРИВА ПАЛАНКА)
Не беше во стартната петорка на Крива паланка, но тоа не ја спречи да дојде до одлични бројки на своето деби во најквалитетната женска лига во Македонија.
Одигра нецели 18.минути, во кои покажа дека ќе биде од огромна помош за тимот кој конкурира за највисок пласман. Реализираше 26.поени со само два нереализирани обидите од поле (9/11) и максимални 8/8 во оние шутеви вредни по еден поен. На тоа придодаде и осум скока, три додавања, по две освоени и загубени топки, плус една блокада, за индекс 36.
ДАЈА ГРИН (КРИВА ПАЛАНКА)
Третиот член во идеалната петорка кој доаѓа од Крива паланка. Заслужено, ако се земе во предвид дека за период во игра нешто подолго од 20.минути, оствари ефект од 25.поени (4/4 за три, 6/10 за два и 1/1 за еден поен), пет скока, три асистенции и исто толку освоени топки. Сето тоа доволно за индекс 32.
ТЕА ТРАЈКОВСКА (ВАРДАР)
Најмладата во оваа конкуренција, со исто така одлични бројки зад своето презиме. Одигра нецели 28.минути во дуелот со екипата на Спорт тим во кои на крајот реализираше двоен ефект. Изразен со реализација на 20.поени (7/9 во шутот за два поени и 6/8 во оние за еден поен). На тоа додаде и десет скока (два офанзивни), три освоени топки, две асистенции и една загубена топка, за 30 индексни поени.
ПРВА ПЕТОРКА
Аби Нихуес (Крива Паланка)
Кајла Томас (Пробаскет)
Алексис Пул (Крива Паланка)
Даја Грин (Крива Паланка)
Теа Трајковска (Вардар)
ВТОРА ПЕТОРКА
Цветанка Димова (Баскет кам)
Елена Тасевска (Вардар)
Ива Чолакоска (Бадел 1862)
Линдзи Клири (Бадел 1862)
Марија Николов (Бадел 1862)
*петорките се формирани според бројот на реализирани индексни поени