Претстојниот викенд, на ред се натпреварите од второто коло од „Шпаркасе Лајф“ Првата лига-жени. Поради обврските кои ги имаат со настапите во ВАБА 2 лигата, кошаркарките на Крива паланка својот меч од ова коло, оној против екипата на МЗТ Бела вода ќе го одиграат неколку дена, на 29. октомври (среда).
Наместо во нашиот шампионат, македонскиот вицешампион овој викенд ќе одигра уште два натпревари во женската регионална лига.
Веќе утре, од 17. часот, им следува првиот од двата наатпревари, во рамките од третото коло од ова натпреварување ги чека дуелот со екипата на Рајфајзен Дач.
Двете екипи го дочекуваат овој меч со максимален ефект по двете одиграни кола во ВАБА 2 лигата. Избраничките на тренерот Виктор Петровски забележаа две победи на домашен терен, а истиот ефект го имаше и нивниот утрешен противник, во дуелите со двата словенечки претставници, екипите на Јежица (87:82) и Марибор (73:70).
„Овој викенд ни претстои вториот турнир од ВАБА 2 лигата. Играме против два исклучително квалитетни противници, како екипите на Брод на Сави, претендент за висок пласман во ова натпреварување, и Рајфајзен од Австрија. Одиме мотивирано, од моите играчи ќе барам максимална борбеност на овие натпревари. Очекуваме позитивен исход од ова гостување“ – изјави Петровски пред патувањето за Хрватска, каде ден подоцна, девојките од Крива паланка ги чека уште еден натпревар во Славонски Брод, во кој за противник, во недела од 17.часот, ќе ја имаат екипата - Брод на Сави.
А во домашното првенство, ќе се одиграат нови три натпревари.
Се чини дека најинтересен ќе биде оној во недела од 14.часот, кој ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, во кој екипата на Баскет кам го дочекува Бадел 1862.
Ден, порано, на програмата се уште два натпревари.
Од 19.часот, во Делчево, ќе играат екипите на Патриот 2016 и Вардар, а половина час подоцна, во Неготино следува соседскиот дуел во кој ќе играат екипите на Спорт тим и на Пробаскет од Кавадарци.
„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
ДВОЈКИ 2. КОЛО
25.ОКТОМВРИ (САБОТА)
19.00: Патриот 2016 – Вардар
Сала „Методија Митевски-Брицо“ – Делчево
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/kqqm2ySqsZY?si=VduwPGwy1o8OMMQp
19.30: Спорт тим – Пробаскет
Сала „Младост“ – Неготино
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/NTOIlAyw4Jg?si=_q8N2j8-Fu2K1fCy
26.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)
14.00: Баскет кам – Бадел 1862
СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/HwU6_dU8IE0?si=-OaBUVu2zhFjt3Z2
29.ОКТОМВРИ (СРЕДА)
17.30: МЗТ бела вода – Крива паланка
СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/NauvcS47jKA?si=8iP5beARttwsAele
ТАБЕЛА
1.Крива паланка 1 1 0 103:44 2
2.Вардар 1 1 0 94:50 2
3.Баскет кам 1 1 0 69:53 2
4.Бадел 1862 1 1 0 87:83 2
5.Пробаскет 1 0 1 83:87 1
6.МЗТ Бела вода 1 0 1 53:69 1
7.Спорт тим 1 0 1 50:94 1
8. Патриот 2016 1 0 1 44:103 1