Шампионот е на местото каде застана на крајот на ланската сезона, првото...
По 11. одиграни натпревари, „металците“ стигнаа до најдобриот скор во нашето најквалитетно натпреварување. Годината 2019 ја финишираа само со два порази, макар што треба да се земе в предвид и тоа дека се и единствената македонска екипа која паралелно со Првата лига настапува и во натпреварување надвор од границите на нашата земја (АБА 2 лигата).
А во овој дел од сезоната и оние статистички показатели се на страна на бранителот на титулата. Истата вели дека има седуммина „двоцифрени“ кошаркари.
Ги предводи капитенот, Дамјан Стојановски, кој во просек реализирал по 15.1 поени по натпревар. Веднаш зад него се Американците Џабари Хиндс со просек од 13.4 поени, Ерон Херис со 11.9 и Бојан Крстевски кој во просек реализира по 11.поени на иасто толку натпревари.
Двоен број на поени се и зад Нуни Омот (18.5), но тој повеќе не е дел од екипата од Аеродром, како и на новакот Ѓорѓе Милошевиќ, кој има 12.5. поени.
Во оној скокачки дел, официјално како лидер се води Милошевиќ (просек од десет скока по меч), но со само две одиграни средби.
Реално во таа улога е Андреј Маслинко, кој во просек бележи по 6.2 скока, нешто повеќе во однос на Бојан Крстевски со 5.6 скока, односно Дамјан Стојановски кој има по 4.6.
Најдобар асистент, барем засега, е Џабари Хиндс со 3.6 асистенции, што е за промил подобро остварување во однос на Андреј Магдевски со 3.5.
Уште еднаш како најдобар фигурира Милошевиќ, кој има по четири успешни додавања, но на само два натпревари.
Шефот на стручниот штаб, Ѓорѓи Кочов, искористил дури 16. кошаркари во овој дел од првенството. А најголема минутажа, сосема очекувано, добиле Дамјан Стојановски (просек од 29.минути по натпревар, Андреј Маслинко со 28.9, како и американскиот двоец Џабари Хиндс со 24.9 и Ерон Херис со истата минутажа.
Вредно за напомена е дека свое прволигашко деби остварија и кадетите Н.Василевски односно М.Спасовски.
Во оној процентуален дел, Дамјан Стојановски е најдобриот реализатор од линијата за слободни фрлања. Од таа позиција капитенот реализира со 90.5% на успешност, иако без утка се Бојан Радуловиќ (7/7) и Марко Симоновски (3/3), кој повеќе не е дел од шампионскиот тим.
Радуловиќ е и најдобриот реализатор во шутот од поле (68%), а му парира се подобриот Бојан Крстевски кој е на 65.2%.
Кога се зборува за најдобрите во шутот вреден три поени, во преден план е Марин Морнар со 57.7%, следуваат Џабари Хиндс со 48.5% и Бојан Крстевски и Ерон Херис кои имаат по 43.8%.
Тимски гледано, кошаркарите на МЗТ Скопје во просек реализираат по 85.7 поени, имаат по 34.5 скока и 17.3 асистенции.
Процентуално, погодуваат со 79.8% од линијата за слободни фрлања, имаат и 54.4% во шутот од дистанца, односно 35.2% во реализацијата за три поени.