Тренерот на „црвено-црните“, Дарко Радуловиќ, испроба дури 18. кошаркари во полусезоната, ефектот не е според очекувањата...
Комбинација на млади сили и неафирмирани странски кошаркари беше формулата на Вардар за оваа натпреварувачка сезона. Барем оној прв дел, односно 11 одиграни натпревари.
За жал по „вардарци“, не донесе и очекуван резултат. Истиот вели дека Вардар реализира само една победа, а запиша и десет порази, што е сигнал дека за една недела, кога продолжуваат возбудувањата во шампионатот, ги чека тешка битка за опстанок во друштвото на најдобрите екипи во нашата земја.
Интересно е дека предводникот на овој тим, Дарко Радуловиќ искористи дури 18. кошаркари., макар што добар дел од нив се оние од младинскиот погон.
Но како и да е, „времето на поминување“ може(ше) да биде и подобро од актуелното.
Поединечно гледано, само двајца кошаркари ја надминале двоцифрената бројка на реализирани поени, Ајуда Невеш дојде до просек од 17.5 поени, а Дамјан Робев пак има 10.9.
Славчо Темелковски е најдобриот скокач во овој тим на Вардар со просечни осум скока по натпревар (одигра 9 од 11 натпревари). Фисник Јунику кој го одигра првиот дел од оваа полусезона (седум мечеви) е најдобар додавач со 3.7 асистенции по меч. Тој има(ше) и најмногу загубени топки, по 4.3, додека пак улогата на најдобар „крадливец“ ја има Невеш (по 2.2 на натпревар).
Процентуално, Невеш е и најдобриот реализатор од линијата за слободни фрлања (79.5%), пред Станимировиќ (78.6%) и Темелковски односно Робев со 75%.
Игор Ивановиќ е со најдобар процент на реализација во шутот за два поени. Има точно 60% на реализација, пред Станимировиќ кој има 56.8% и Михајло Арсоски со 51.2%.
Најдобар во реализација на ударите вредни три поени засега е Робев, со 37.7%, Невеш има 34.9%, а вториот странец во тимот од „Под Кале“, Дино Радош 33.3%.
Во овие 11.рунди од натпреварувањето, „вардарци“ реализирале по 69.9 поени, 31.2 скока и 14.7 асистенции, како и 18.2 загубени и 8.5 освоени топки. Погодувале со 74.9% во шутот за еден поен, 44.6% за два и 29.7% за три поени.