Во неколку наврати „учениците“ на Горан Крстевски беа блиску до прволигашко сефте, но ќе мора да почекаат на некоја друга шанса во вториот дел од првенството...
Важат, поточно се најмладата екипа во прволигашката конкуренција. Заедно со Академија ФМП за прв пат се соочуваат со прволигашкиот предизвик момчињата собрани во вториот тим на македонскиот првак – МЗТ Скопје Уни Банка.
Навистина, во овие изминати 11. кола забележаа и исто толку порази. Но, со некои игри, и тоа против квалитетни противници, младите „металци“ предводени од Горан Крстевски најавија дека тоа можат да го направат.
Веројатно во оние преостанати кола од првиот дел од сезоната во Првaта лига.
А дотогаш статистичките податоци за тоа како одиграа младите момци од Аеродром...
Имаат тројца кошаркари кои засега се на двоцифрен просек според бројот на дадените поени. Леонид Тодоровски е на 14.1 поени, Ранко Мамузиќ има 10.9, а Виктор Исајловски 10.8. Во ова друштво влегува и Максим Митевски (11.0), но тој одигра помалку од половина од натпреварите (само четири).
Тодоровски е и најдобар кога станува збор за скоковите. Има просечни 6.7 по натпревар, додека пак кога станува збор за додавачите, тука предначи Дарио Митевски со 3.9 асистенции, а Максим Митевски пак има 3.8.
Ранко Мамузиќ е најдобар реализатор од линијата за слободни фрлања. Макар што има само девет обиди од тоа место (погодени осум), за 88.9%, а слична е ситуацијата и со Марко Величковски (5/6 или 83.3%) и Максим Митевски (9/11 односно 81.8%).
Во обидите за два поени, предначи Андреј Андоновски кој погодува со 61.1% на успешност, а за три Борјан Стојановски, кој има 38.5%.
Тренерот Крстевски користел вкупно 15.кошаркари, од кои шестмина ги одиграле сите 11.средби. Најголема минутажа пак добиле Ранко Мамузиќ (29.9) и Виктор Исајловски (29.2) и Леонид Тодоровски (25.9).
Клупски гледано, МЗТ Скопје Уни Банка во просек реализира по 71.4 поени, 30.5 скока, и 14.3 асистенции. Губат по 16.5 топки на еден меч, освојуваат по 7.7, и имаат по 1.7 блокади.
Сето тоа со процент на реализација од 62.1% во шутот кој вреди еден поен, 46.5% за два, и 29.2% за три поени.