04.02.2020

СИЛНА РУСИЈА: Базаревич ги објави кандидатите за квалификациите

Русите ќе ги стартуваат подготовките на 16. февруари во Новгород, веднаш по собирот на „сите ѕвезди“ во ВТБ лигата...

 

Силна Русија ќе го дочека нашиот национален тим на средбата закажана за 23. февруари во Перм.

Селекторот на „зборнаја“, Сергеј Базаревич го одреди оној поширок список на 24 кандидати кои ќе ги користи за претстојниот февруарски квалификациски циклус.

На списокот се претежно добро познати имиња на кошаркарската јавност, не само во Русија, туку воопшто на Стариот континет, па и во светот.

Најголем број на потенцијални репрезентативци доаѓаат од трите водечки клубови, односно евролигашите, московска ЦСКА, Химки и Зенит.

Ги предводи веројатно првото име на руската кошарка, Алексеј Швед, а тука се и браќата Кулагин, Воронцевич, Фридзон...

А на и онака силниот состав, Базаревич го стави и она на натурализираниот Американец од редовите на ЦСКА, Џоел Боломбој (26 години–204 сантиметри), кој треба да ја покрие центарската позиција.

Според планот, Русите ќе тренираат во Новгород во периодот од 16.до 19.февруари по што летаат за Неапол, каде на 20.февруари ги чека дуелот со селекцијата на Италија.

Три дена подоцна, во Перм, следува дуелот со нашиот национален тим.

ПОШИРОК СПИСОК НА СЕЛЕКЦИЈАТА НА РУСИЈА:

БЕКОВИ: Евгениј Бабурин, Максим Григорјев, Вјачеслав Зајцев, Денис Захаров, Дмитри Кулагин, Михаил Кулагин, Григориј Мотовилов, Андреј Сопин, Виталиј Фридзон, Дмитриј Кхвостов, Алексеј Швед

КРИЛА: Семен Антонов, Никита Балашов, Евгениј Валиев, Андреј Воронцевич, Андреј Зубков, Станислав Иљницки, Сергеј Карашев, Никита Михајловски, Владислав Трушкин

ЦЕНТРИ: Џоел Боломбој, Артем Забелин, Владимир Ивљев, Артем Клименко