Македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ со својата екипа денеска ќе се бори за титулата во јуниорското првенство на Шпанија.
Синоќа во полуфиналниот меч, Барселона го совлада Хувентуд со (80:64) и со максимален ефект, од пет убедливи победи, обезбеди пласман во финалето.
Симиќ помина на теренот скоро 13 минути и за тој период во играт постигна шест поени (2/4 за два, 2/2 од линијата за слободни фрлања), плус четири скока.
Противник на Барса во финалето ќе биде нивниот најголем ривал, екипата на Реал Мадрид, кој беше повеќе од убедлив во другиот полуфинален меч против екипата на Фундасион 5+11, славеше со (109:65).
Финалето, кое стартува од 12.30 часот во Гранада, всушност ќе биде реприза од годинашното финале во јуниорската Евролига, каде подобар беше мадридскиот тим.