03.12.2021

Одличната вечер на младиот Македонец не ја заборави ниту ФИБА во својот избор на десетте млади кошаркари

Симиќ меѓу десетте топ-проспекти во ноемврискиот ФИБА „прозорец“

Одличната вечер на Теодор Симиќ на првиот меч од квалификациите за Светскиот куп, оној против селекцијата на Шоанија во Скопје, не ја заборави ниту ФИБА која во својот избор на десетте млади кошаркари кои го одблежаа ноемврискиот ФИБА „прозорец“ имаше само пофални зборови.

„Најмладиот на листата, Симиќ не покажа страв играјќи за Македонија на интернационалната сцена. Проспектот на Барселона забележа само 14.7 минути во просек на два натпревара, но Симиќ остави белег со 18 постигнати поени против Шпанија, со не помалку од 75 отстотна реализација“, стои во објавата на светската куќа на кошарката.

Покрај младиот Македонец на оваа листа се најдоа и Србинот Филип Петрушев, Полјакот Александер Балчеровски, Финецот Микел Јантунен, Хрватот Роко Пркачин, Израелецот Јам Мадар, Германецот Јустас Холатз, Холанѓанецот Кеј Ван дер Вурст, Босанецот Кенан Камењаш и Бугаринот Емил Стоилов.