На денешниот состанок со претставниците на Здружението на клубовите од МТЕЛ Супер лигата-мажи, комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, го презентираше системот и календарот за натпреварување за претстојната натпреварувачка сезона 2025/2026.
Новата натпреварувачка сезона стартува на 4. октомври, а по 22 одиграни кола, следува втората фаза во која ќе се игра лига со шест екипи, еднокружен бод систем, во пет кола, по принцип: секој со секого.
За рангираните екипи од седмо до дванаесетто место, играат шест екипи по пласманот од првиот дел: се игра лига со шест екипи, еднокружен бод систем, во зависност од пласманот после првиот дел од сезоната.
Последнопласираните три екипи испаѓаат од МТЕЛ Супер лига – мажи. првопласираните четири екипи играат плеј-оф за титула државен првак за сезона 2025/26.
СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ МТЕЛ СУПЕР ЛИГА – МАЖИ - СЕЗОНА 2025/2026
КАЛЕНДАР ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ МТЕЛ СУПЕР ЛИГА – МАЖИ - СЕЗОНА 2025/2026