23.02.2024

Премиерниот меч од квалификациите за Евробаскетот ќе има и хуманитарен карактер

Сите средства од влезните билети од средбата Македонија-Естонија – донација за лекување за Леонид!

Македонската кошаркарска федерација се приклучува во акцијата за собирање на средства потребни за лекување на Леонид Индов.

Комплетниот приход од продадени влезни билети од натпреварот Македонија-Естонија, кој се игра вечерва во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе биде насочен како донација за понатамошно лекување на 18. годишниот Леонид, со надеж за негово што поскоро закрепнување.