14.08.2020

Сите 76 тестови реализирани од страна на клиниката „Жан Митрев“ во Скопје, се негативни

Сите учесници на кампот во Маврово успешно тестирани од Ковид-19

Кошаркарите и кошаркарките, генерации родени 2007 и 2008 година, кои беа одбрани да бидат дел од кошаркарскиот камп во Маврово, ги поминаа тестирањата од КОВИД-19 реализирани со помош на клиниката „Жан Митрев“ од Скопје.

Откако беше реализиран оној селективен дел, односно стручните тимови ги одбраа кошаркарите и кошаркарките кои ќе бидат дел од кампот на нашата федерација, во текот на изминатите два дена се пристапи и на реализација на здравствениот дел од уводната, селективна фаза на проектот „Заедно до 16“.

Согласно протоколот за работа на кошаркарските клубови при системот на КФСМ, за превенција и заштита од Ковид-19, со помош на приватната клиника „Жан Митрев“, вкупно 60. кампери во две возрасни категории, тренерите, лекарскиот и техничкиот персонал, учесници на кампот кој од 16. до 23.август ќе биде реализиран во Маврово, го реализираа задолжителниот тест за Ковид-19.

По увидот на комплетните резултати добиени од клиниката ,Жан Митрев“, кај сите учесници на кампот беа забележани негативни тестови.