25.11.2021

Селекторот на шпанската репрезентација го направи последниот рез пред дуелот против Македонија што се игра вечерва (19.30) во Скопје.

Скариоло ги избра „дванаесетмината“ што ќе излезат на мегдан против Македонија

На неговиот конечен список останаа 12 кошаркари кои ќе излезат на теренот во СЦ „Јане Сандански“ во обид да дојдат до победа на почетокот од квалификациите за Светското првенство. Од конкуренција испаднаа Артеага, Бареиро, Паули и Салво кои ќе чекаат нова прилика за настап во шпанската репрезентација.

Иако ги нема најголемите ѕвезди, Шпанците доаѓаат како фаворити во Скопје. На нашите кошаркари е да направат изненадување, какви што имаше неколку на почетокот од овие квалификации.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ШПАНИЈА

Хаиме Прадиља  Валенсија

Хаби Лопез-Арестеги     Валенсија

Хаиме Фернандез           Уникаха

Дарио Бризуела   Уникаха

Алберто Диаз       Уникаха

Кино Колом          АЕК Атина

Дани Диез  Сан Пабло Бургос

Хуан Састре            Тенерифе

Јанкуба Сима        Манреса

Фран Гуера Тенерифе

Жоел Пара  Хувентуд                           

Дани Перез       Манреса

Селектор: Серџио Скариоло