22.06.2022

Освен тоа, на подготовките на шпанскиот национален тим ќе биде и Тајсон Перез од Морбанк Андора кој ќе се приклучи подоцна...

Скариоло одбра 15 кошаркари за дуелот со Македонија

Шпанија ќе биде нашиот нареден ривал во квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година, а селекторот Серџо Скариоло го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за дуелот со нашиот национален тим.

Во групата од 15. кошаркари, односно во изборот на Скариоло се најдоа:

Џонатан Бареиро (Уникаха), Феран Басас (Хувентуд), Дарио Бризуела (Уникаха), Квино Колом (АЕК), Алберто Диаз (Уникаха), Дани Диез (Сан Пабло), Жаим Фернандез (Уникаха), Фран Гуера (Тенерифе), Ксабиер Лопез-Аростеги (Валенсија), Жоел Пара (Хувентуд), Хаиме Прадиља (Валенсија), Себас Саиц (Алварк Токио), Микел Салво (Гран Канарија), Јанкуба Сима (Бакси Манреса) и Сантиаго Јуста (Сарагоса).

Освен тоа, на подготовките ќе биде и Тајсон Перез од Морбанк Андора кој ќе се приклучи подоцна, соопштија од Шпанската кошаркарска федерација.

Шпанија ќе ја пречека селекцијата на Македонија на 1.јули во Сарагоса,, а потоа ќе игра надвор од својот дом против Грузија и Украина.