27.11.2021

„Одличен шутер е, но треба да го развие телото, поради позицијата на која игра“- ја искоментира играта на нашиот талент големиот тренер

СКАРИОЛО: „Симиќ е веќе голем играч, треба само да работи на себе, најмногу на силата!“

Играта на македонскиот талент Теодор Симиќ беше една од темите и на прес-конференцијата на шпанската репрезентација, по натпреварот против Македонија.

Tрофејниот стручњак Серџо Скариоло, кој со „фуријата“ има европски и светски злата, испрати само пофални зборови од прикажаното од кошаркарот на Барселона.

„Знаевме дека тој е многу талентиран играч, Барселона сигурно не го земала бадијала. Одличен шутер е, но треба да го развие телото, поради позицијата на која игра и малку повеќе да скока од истите причини. Воодушевен сум од неговата игра и можам да му предвидам блескава иднина. Мислам дека ќе стане голем играч, всушност, тој веќе е голем играч“ - изјави шпанскиот селектор.