07.12.2021

На светската ФИБА рејтинг листа, нашиот женски сениорски тим е на 75 позиција

Скок од четири позиции напред за сениорките, годината ја завршуваат на 37 место во Европа

Женската сениорска репрезентација имаше две добри игри кои за жал не беа валоризирани со макар една пообеда во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2023 година.

Но и покрај тоа, девојките заслужија далеку повисок рејтинг во однос на последното рангирање на Светската кошаркарска федерација.

Според најновата табела на ФИБА, со вкупно 82,1 поени, Македонија е рангирана на 37 место во онаа европска зона, односно на 75. позиција во светскиот поредок кој го прави ФИБА.

Тоа значи и „скок“ од четири позиции напред, по што оваа календарска година и може да се оквалификува како успешна за нашата женска репрезентација.

Инаку, сосема очекувано, селекцијата на САД е далеку најдобрата во најновото рангирање. Има 829.3 поени, пред Шпанија која е втора со 685.8 и Австралија со 676.8 поени.

Од репрезентациите кои се во нашата квалификациска група за Евробаскетот 2023, високо котира Белгија која е шестопласирана на светската рејтинг листа на ФИБА. Босна и Херцеговина е на 18. место во европскиот, и на 27. место во светскиот поредок, додека Германија е 23. во Европа, односно 38 во светот.