14.02.2023

јуни, 2023 година

Скопје домаќин на Европско кошаркарско првенство за средношколци во јуни

Кошаркарската Федерација ќе биде домаќин на уште еден голем настан во почетокот на летниот период од оваа календарска 2023 година.

Во периодот од 5. јуни до 11. јуни, во Скопје се одржи Европско кошаркарско првенство за кошаркари од средни училишта. Нашиот главен град ќе биде домаќин на нешто помалку од 1.000 кошаркари од средните училишта во Европа кои ќе се надигруваат за престижниот трофеј што ќе го додели Претседателот на Европската Федерација за училишен спорт, Жељко Танасковиќ.

Поранешниот српски одбојкар и Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ ја потврдија соработката по низа работни состаноци одржани викендот што измина.