26.10.2017 Селекторот на националната сениорска селекција во женска конкуренција, Марјан Лазовски, го скрати списокот на кошаркарки повикани за претстојниот ’прв прозорец’ од квалификациите кои водат кон континенталниот собир што ќе се одржи за две години во Летонија и во Србија. На списокот на селекторот се 14 кошаркарки кои треба да се појават на првиот тренинг закажан за на 6. ноември во спортскиот центар „Јане Сандански“ каде пет дена подоцна ќе биде одигран и првиот натпревар, со почеток во 17:00 часот и истиот ќе биде пренесуван во живо на Македонската национална телевизија (МРТ) Наши противници во овој евроквалификациски циклус се Италија, со која го отвораме циклусот, Шведска и Хрватска. Селекцијата на Италија на овогодишниот Евробаскет заврши како седмопласирана селекција со три порази зад себе додека репрезентациите на Хрватска и на Шведска не обезбедија место на Европското првенство. Јелена Антиќ – Висла Кенпак (Полска) Криси Гивенс – Авенида (Шпанија) Ивана Кметовска – Замарат (Шпанија) Анџелика Митрашиновиќ – Будуќност (Црна Гора) Ана Тантуровска – Волос (Грција) Нена Трајчевска – Бор (Србија) Ивона Пејковска – Пожега (Хрватска) Софија Лазареска – Бадел 1862 (Македонија) Александра Стојановска – Бадел 1862 (Македонија) Кристина Јаневска - Вардар (Македонија) Цветанка Димова – Бадел 1862 (Македонија) Сања Адамовска – Бадел 1862 (Македонија) Анамарија Шеќероска – Струга 2009 (Македонија) Јована Петрушевска – Вардар (Македонија)