Селекторот на националната селекција во женска сениорска конкуренција, Марјан Лазовски, го скрати списокот на кошаркарки повикани за претстојните два натпревара во рамки на евроквалификациите. Кошаркарките кои се на скратениот список треба да се појават на првиот тренинг на селекцијата закажан за в понеделник (5. февруари) со почеток во 18:00 часот во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Кошаркарките Јелена Антиќ и Ивона Пејковска изостанаа од списокот поради рехабилитација од повредите кои ги заработија кон крајот на минатата календарска година. Во овој прозорец на располагање на Марјан Лазовски нема да биде ниту нашата натурализирана кошаркарка Криси Гивенс која ќе го искористи периодот за рехабилитација од стрес-фрактура.
Тренингот ќе биде од отворен карактер за сите медиуми кои ќе сакаат да присуствуваат.
Првиот натпревар сениорките го играат на домашен терен, против Хрватска, на 10. февруари со почеток во 20:45. Вториот натпревар го играат на гостински терен против Италија.
СПИСОК НА КОШАРКАРКИ ПОВИКАНИ ЗА ПРВ СОБИР
1. Анџелика Митрашиновиќ
2. Ана Тантуровска
3. Александра Стојановска
4. Нена Трајчевска
5. Софија Лазареска
6. Ивана Кметовска
7. Едина Муса
8. Јована Петрушевска
9. Цветанка Димова
10. Анамарија Шеќероска
11. Кристина Јаневска
12. Ивона Кожобашиовска
13. Матеа Николиќ
14. Ешли Парис