30.10.2018

Скратен список на кошаркарки повикани за сениорска репрезентација

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Марјан Лазовски, го скрати списокот на повикани кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамки на квалификациите за Европското првенство.

За првиот собир, закажан за 12. ноември со почеток во 16:30 во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“, предвидено е да се појават 13 кошаркарки.

1. Анџелика Митрашиновиќ
2. Ивона Пејковска
3. Ана Тантуровска
4. Софија Лазареска
5. Александра Стојановска
6. Ивана Кметовска
7. Матеа Николиќ
8. Јована Петрушевска
9. Јелена Антиќ
10. Цветанка Димова
11. Анамарија Шеќероска
12. Ивона Кожобашиовска
13. Кристина Јаневска