Поради настапот на нашата репрезентација „Под 16“ години на Балканскиот Куп „Некст стар“ во Романија, овој викенд нема да се играат мечевите во најквалитетната кадетска лига.
Претпоследниот викенд од оваа 2019 година со себе носи голем број на натпревари во младинските лиги на КФСМ.
Со забелешка, дека поради настапот на нашата селекција „Под 16“ години на меѓународниот турнир во Таргу Џиу (Романија) овој викенд нема да се играат мечевите од М-16 лигата.
Поточно оние од Првата лига.
Затоа пак се очекуваат големи возбудувања во оние преостанати возрасни рангови на натпреварување.
Во М-18 лигата, деветото коло ќе стартува вечерва со дуелот Академија ФМП и Партизан Водно Санс, во сабота се игра дуелот МЗТ Скопје Аеродром и Чаир 2030, а во недела пак, Феникс 2010 го пречекува составот на Куманово.
Нешто подоцна, односно во вторник во „Кале“, се игра можеби и најинтересниот меч од овој круг, Вардар го пречекува соодветниот состав на Работнички.
Комплетниот распоред на натпреварите во Младинските лиги за претстојниот викенд е поставен на следниот ЛИНК.