20.10.2020

Координаторот за женска кошарка во посета на ЖКК Вардар...

Следење на активностите на најмладите кошаркарки

Саша Димитријевиќ, координаторот за женска кошарка, во придружба на нашата репрезентативка Јелена Антиќ, почна да реализира дел од планираните активности за овој период од прет-сезоната.

Во таа насока беше и посетата на ЖКК „Вардар“ од Скопје, односно следење на тренажниот процес на најмладите кошаркарки, родени 2007 и 2008 година.

„Идејата е да го следиме развојот на овие млади кошаркарки уште до најмала возраст“- потенцира Димитријевиќ. „Дел од нив веќе се вклучени во оној процес на селектирање кој ова лето го реализираше федерацијата. Продолжуваме со активностите и во другите клубови кои имаат активности во овој период. Благодарност до Славица Наков која ни овозможи присуство на тренингот“- дополнува Димитријевиќ.