Македонската сениорска репрезентација имаше успешен старт во вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2025. На првиот дуел, остваривме гостинска победа во Данска, а веќе во недела, нè очекува и вториот натпревар од групата „Д“.
Во салата на Спортско рекреативниот центар „Кале“ ни гостува репрезентацијата на Словачка.
Натпреварот се игра на 28. август (недела), стартува од 19.часот, а влезот на трибините во „храмот на кошарката“ ќе биде слободен.
Затоа сите заедно, да им помогнеме на момците да дојдат до уште еден важен триумф во битката за учество на Евробаскетот.
Во недела навечер, сите сме во „Кале“!