12.02.2023

Сите фанови на нашата најдобра женска репрезентација ги чекаме во недела навечер, од 18. часот во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје

СЛОБОДЕН ВЛЕЗ ЗА НАТПРЕВАРОТ МАКЕДОНИЈА-БЕЛГИЈА

Женската сениорска репрезентација на Македонија вечерва, ќе го одигра својот последен натпревар од квалификациите за Евробаскетот кој во 2023 година ќе се игра во Израел и Словенија.

На 12. февруари, во салата на СРЦ „Кале“ ни гостува една до најдобрите репрезентации на европскиот континент, Белгија.

За таа цел, и во оваа прилика, Македонската федерација ги повикува сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра женска репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на девојките во овој натпревар, за кој влезот ќе биде слободен.

Во соработка со Sport Klub, обезбеден е и директен ТВ пренос од натпреварот кој стартува од 18.часот.