Во наредните неколку дена, женската сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два натпревари во квалификациите за Евробаскетот 2025 година.
Двата ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Првиот е против репрезентацијата на Украина, на 7.ноември (четврток), со почеток од 18.часот.
Вториот е против репрезентацијата на Португалија, ќе се игра на 10.ноември (недела), во ист термин, 18.часот, на истото место, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Влезот за двата натпревари ќе биде СЛОБОДЕН!
За оние љубителите на женската репрезентативна кошарка, кои нема да бидат во можност да присуствуваaт „во живо“ на овие натпревари, обезбеден е и директен пренос.
Средбата Македонија-Украина ќе биде пренесувана на спортскиот ТВ канал Sportklub 6HD