Нашите најмлади репрезентативци го отворија турнирот „Slovenia Ball“ со победа над една од селекциите на домаќинот. Избраниците на Денис Дервишевиќ одиграа одличен натпревар во кој уште од почетокот наметнаа свој ритам на игра. Младите кошаркари доминираа со агресивноста по целиот терен и на крајот славеа со убедливи 79-56.
Во вечерниот термин (20:15) младите репрезентативци ќе си ги одмерат силите со селекцијата на Израел која претходно ќе се пресмета против Хрватска.
МАКЕДОНИЈА - Словенија (бели) 79-56 (30-18, 15-14, 22-13, 12-11)
СТРЕЛЦИ
Богатиновски (2поени), Митревски (13), Софронијевски (6), Наумоски (8), Наков (10), Величковски (6), Петков (9), Гацов (6), Кларица (3), Боцевски (12)