По завршувањето на четврттиот круг од квалификациите, познати се седум учесници на наредниот Евробаскет кој е презакажан да се игра во 2022 година.
Освен земјите организатори, Германија, Грузија, Италија и Чешка, на завршниот турнир се пласираа уште седум национални тимови.
Три селекции од просторите на поранешната држава, БиХ, Хрватска и Словенија, која на тој начин и ќе ја брани титулата освоена во 2017 година. Потоа, велесили како што несомнено се Шпанија и Грција, но и репрезентации како Израел и Украина.
За потсетување, пласман на континенталниот собир обезбедуваат трите најдобри од четирите селекции што учествуваат во оваа групна фаза, со тоа што во групите во кои се организаторите на ЕП оваа бројка е намалена на две од трите преостанати национални тимови.
Оттука особено важен ќе биде оној февруарски, и последен „прозорец“ на ФИБА, затоа што преку одигрувањето на последните две кола, треба да се пополнат уште 13. позиции со кои ќе се комплетира бројката од 24. учесници на наредното Европско првенство.