11.07.2024

„Да дадат се од себе, тоа е се што барам од играчите, сметам дека тоа е доволно да ја постигнеме нашата цел, опстанок во ‘А’ дивизијата“

Смилковски пред почетокот на Евробаскетот: „Да бидеме најдобрата верзија од себе“

Од 13. до 21. јули во Гдиња, на едно место најдобрите млади кошаркари во Европа, во обид да дојдат до што подобар пласман на она што се нарекува Европско првенство од Дивизијата „А“, за кошаркари „Под 20“ години.

Една од нив ќе биде и репрезентацијата на Македонија, која за место во ТОП 16 се избори една година порано, на шампионатот на кој ние бевме во улога на организатори.

Првенство на кое стигнавме до големото финале во кое како подобра се покажа селекцијата на Чешка. И на кое основната цел, која ја презентира селекторот Боро Смилковски е да се задржи континуитет на играње во друштвото на најдобрите млади играчи на Стариот континент.

Смилковски говори прво за она што се случуваше во изминатиот период од подготовките:

„Успешно затворивме мини-циклус на подготовки во кој одигравме и шест пријателски натпревари. Задоволни сме од сработеното, играчите максимално посветени ги одработија овие подготовки и како стручен штаб сме навистина сме благодарни за нивната доверба во нашата работа. Проблемите со повреди полека ги надминавме, со исклучок на повредата на нашиот Метин Саити, играч чија енергија навистина ќе ни недостасува, како на теренот, така и во соблекувалната. Неговото место ќе го пополни талентираниот Марко Луканоски, а конечниот список на патници го утврдивме буквално пред заминувањето за Полска. Наша констатација е дека физички и техничко-тактички сме спремни за турнирот“- смета Смилковски.

Јасно е дека основната цел е давање на максимумот од своите мошности, и одбрана на тешко стекнатиот статус, место во елитната младинска репрезентативна кошарка.

„Свесни сме за тежината на националниот дрес и што тоа значи да си меѓу избраните да ја претставуваш својата држава. Ветуваме дека ке го дадеме својот максимум, да покажеме дека можеме да играме добра кошарка. Да бидеме најдобрата верзија од себе е се што барам од играчите, сметам дека тоа е доволно да ја постигнеме нашата цел, а тоа е опстанок во ‘А’ дивизијата. Тоа е и нашата одговорност кон идната генерација што доаѓа“- порачува Смилковски пред почетокот на шампионатот.

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Останува непроменет кога станува збор за оваа возрасна категорија.

Вкупно 16. национални селекции кои ќе бидат присутни на првенството во Гдиња, се поделени во четири натпреварувачки групи, во кои сите тимови (13-15.јули) ќе одиграат по три натпревари.

Во зависност од пласманот во првата фаза, се формираат и двојките за првата елиминациска фаза – 1/16 финалето. Во директни елиминациски натпревари ќе бидат познати и осумте учесници во четвртфиналето, потоа полуфиналетo и финалето кое ќе се игра на 21.јули.

Поразените во првиот елиминациски круг, ќе се борат за плaсмaн од 9. до 16.позиција на шампионатот.  Со оглед на тоа дека Грција е домаќин на наредниот ЕП од Дивизијата „А“ во 2025 година, доколку заврши на некоја од позициите од 14. до 16, „преселба“ во Дивизијата „Б“ ќе има само селекциите кои ќе завршат на една од тие позиции. 

МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОБАСКЕТ ВО ПОЛСКА

Андреј Шошкиќ     бек     190 см

Михаил Стојанов  плејмејкер  184 см

Ненад Јовановиќ   плејмејкер  182 см

Лука Димитриевски         плејмејкер  184 см

Петар Бошалески  бек     196 см

Грегориј Јакимовски       крило 195 см

Никола Бојчев        крило 194 см

Тома Стојаноски   крилен центар       200 см

Павел Иванов        крилен центар       203 см

Теодор Симиќ        центар           215 см

Марко Луканоски центар           208 см

Ангел Кечовски     бек     196 см

СЕЛЕКТОР: Боро Смиловски

АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Миодраг Тодоровиќ

АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Методија Бешлиоски

КОНДИЦИСКИ ТРЕНЕР: Матеј Јовановски

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ

ГРУПА А: Грција, Франција, Полска, Србија

ГРУПА Б: Германија, Израел, Чешка, Италија

ГРУПА Ц: МАКЕДОНИЈА, Турција, Шпанија, Белгија

ГРУПА Д: Црна Гора, Литванија, Исланд, Словенија

 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ГРУПА „Ц“

13.ЈУЛИ (САБОТА)

18.00: Турција - Белгија

20.30: Шпанија – МАКЕДОНИЈА

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Zk87OEgNPkw?si=ZpU8VpvqBWyatZRq

14.ЈУЛИ (НЕДЕЛА)

15.30: Белгија – Шпанија

20.30: МАКЕДОНИЈА – Турција

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/RQCwlxFOeBQ?si=6GRgp5y0QQpjORYY

15.ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)

15.30: Турција – Шпанија

18.30: МАКЕДОНИЈА – Белгија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/AgK7lZHXUQg?si=_LfPL33h-EbWspf2