14.11.2021

Ивана Кметовска е надвор од ростерот за вечерашниот дуел (19.часот) во СРЦ „Кале“

Со Девана Бонер по изненадување против БиХ

Селекторот Алекандар Ашаданов очекува уште еден тежок натпревар. Смета дека БиХ е уште посилен ривал во однос на Германија со која бевме егал во првото полувреме. Особено што ја имаат најдобрата кошаркарка во најсилната лига на светот.

„Нè очекува уште еден тежок натпревар овој пат на домашен терен со Босна и Херцеговина, која покажа во првото коло против Белгија дека се работи за сериозна екипа. Главен адут е Џонс MVP играчот од регуларната сезона во WNBA која на првиот натпревар имаше брилијантни 44. поени и 24. Скока, и индекс 51. Ќе биде исклучително тешко против еден таков играч и противник“

Сепак, за Ашаданов и неговиот избран тим, целта останува иста

„Целта останува иста, да се изненади противникот и да се дојде до победа. Проблемите со повредите ни се голем хендикеп. На вечерашниот натпревар повторно нема да можеме да сметаме на Кметовска“.

Ако е нешто поразлично во однос на првиот меч против Германија, е малку подобрата здравствена ситуација со Девана Бонер.

ФОТО: Девана Бонер и Анџелика Митрашиновиќ

Како што вели, Ашаданов ќе ја чека дозволата од лекарите до последен момент за настап на нашиот силен адут.

„Се надевам дека Девана Бонер ќе го започне натпреварот со БиХ. Таа го одработи синоќешниот тренинг. Беше и на утринскиот, кој повеќе е шутерски, и загревање за она што следува од 19.часот. Ќе видиме. Со и без неа, екипата дефинитивно не е иста. Во тимот е присутен замор, но ќе се обидеме да го заборавиме, да одиграме со сиот свој максимум против еден високо квалитетен ривал“’- дополнува селекторот пред вториот натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2023.

Влезот за овој натпревар е слободен, а оние на кои во прв ред им е женската репрезентативна кошарка, ги очекуваме на трибините во СРЦ „Кале“.