02.07.2025

Нашата женска јуниорска репрезентација замина за Литванија, каде ќе биде дел од ЕП Дивизија „Б“ за кошаркарки „под 18“ години

Со многу мотиви и уште поголема енергија по добар пласман во Литванија

Женската репрезентација на Македонија„ Под 18“ години денеска отпатува за Литванија, каде веќе од задутре ќе ги започне настапите на ЕП од Дивизијата „Б“ за оваа возрасна категорија.

А селекторот на овој наш национален тим, говори за периодот кој помина, оној подготвителниот:

„Во изминатите четири недели играчите работеа со максимална енергија на секој тренинг. И на секој нов тренинг доаѓаа уште помотивирани, момент кој што многу ме радува. Исто така, во овие четири недели направивме едно семејство што е клуч за секој успех. Како што реков цел ни е енергијата мотивацијата од тренинзите да ги пренесеме во Литванија“- вели Петровски пред почетокот на шампионатот.

Што е тоа што сметаш дека е некоја наша предност во однос на ривалите во групната фаза од првенството?

„Имајќи во предвид дека сме една од најмладите репрезентации, тоа дава дополнителен фактор за поголема желба и мотивација. Групата е тешка, ги имаме Германија која е фаворит за злато на првенството. Романија која претходната година беше шампион во У16 со овие играчи, Шведска која секоја година е во горниот дел од табелата. Но знам дека нашите девојќи се многу мотивирани и ќе одиме со 120 отсто од нашите можности на секој натпревар“- најавува селекторот.  

Како пласман можеме да очекуваме, кој е некој краен дострел на оваа селекција?

„Тоа што можеме да го очекуваме е дека ќе се даде максимумот од сите нас и дека ќе ја одиграме нашата најдобра игра за која што интензивно работевме во подготвителниот период. Имаме многу талентирани играчи, кои за некоја година ќе бидат и во ‘А’ тимот“- заклучува селекторот пред она што следува веќе од утре попладне, настапите на првенството кое се игра во Алитус и Вилнус.

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Без некои промени, би се рекло стандарден, кога станува збор за овие натпреварувања.

Селекциите се поделени во четири групи (три со пет, и една со шест) од кои првопласираните две од секоја група ќе обезбедат пласман во ТОП 8 фазата, односно онаа преку која ќе се бараат идните учесници на ЕП од Дивизијата „А“ во оваа возрасна категорија. 

Во вториот дел ќе се играат елиминациски натпревари според системот (А1-Б2, Д1-Ц2, Б1-А2, Ц1-Д2). Четирите победници во четвртфиналето, обезбедуваат пласман во полуфиналето, поразените ќе разигруваат за пласман од 5. до 8. место.

Националните тимови кои првата фаза ќе ја завршат на третото односно на четврттото место ќе играат за пласман од 9. до 16. место, додека пак оние кои ќе бидат петто односно шестто пласирани ќе разигруваат за позициите од 17 до 21.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Нашата женска јуниорска репрезентација ќе го почне натпреварувањето на овој евро-шампионат на 4. јули (четврток), од 12. часот, кога во Арената во Алитус следува натпреварот против селекцијата на Романија.

Наредниот ден, на 5. јули, од 17.часот, Македонија ќе игра против селекцијата на Германија. На 6.јули од 19.30 часот, за противник ја имаме Шведска.

А по два дена одмор, оваа прва фаза од првенството ќе ја затвориме на 9.јули, од 12.часот, кога Македонија игра против репрезентацијата на Ирска.  

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО „ПОД 18“ – ЖЕНИ – ДИВИЗИЈА „Б“ – АЛТИУС/ВИЛНУС

ГРУПА А: Ирска, Германија, МАКЕДОНИЈА, Романија, Шведска;

ГРУПА Б: Словачка, Луксембург, Естонија, Австрија, Холандија;

ГРУПА Ц: БиХ, Литванија, Косово, Украина, Исланд, Азербејџан;

ГРУПА Д: Бугарија, Хрватска, Норвешка, Данска, Велика Британија;  

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ГРУПА А

4. ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК)

12.00: Романија – МАКЕДОНИЈА

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/D620DVXtde8?si=ebrQ6-f9stpnMOUu

14.30: Германија – Шведска

Ирска – слободна

5. ЈУЛИ (ПЕТОК)

14.30: Ирска – Романија

17.00: МАКЕДОНИЈА – Германија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/D_1ODoMTWK8?si=jhSsZ7II5ZQXZAFR

Шведска – слободна

6. ЈУЛИ (САБОТА)

12.00: Германија – Ирска

19.30: Шведска – МАКЕДОНИЈА

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/PPcpuZRnUz4?si=4A8Q55yzqbS_vSJA

Романија – слободна

7. ЈУЛИ – СЛОБОДЕН ДЕН

8. ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)

17.00: Ирска – Шведска

19.00: Романија – Германија

МАКЕДОНИЈА – слободна

9. ЈУЛИ (ВТОРНИК)

12.00: МАКЕДОНИЈА – Ирска

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ztyVu8xo6iY?si=2jeNJ1RlO0q0mXeU

14.30: Шведска – Романија

Германија – слободна

*Сите натпревари се играат во Арената Алитус

МАКЕДОНИЈА НА ЕП – ВО ЛИТВАНИЈА

0. Бранкица Мегленова  центар           Пробаскет    (2008)

1. Бојана Николиќ бек     Вардар          (2007)

2. Глорија Груевска бек   Крива Паланка       (2009)

5. Мартина Џангаровска            бек     Вардар (2007)

6. Ива Колева         бек     Тим Арена  (2009)

8. Дора Алексова          бек     МЗТ Скопје  (2008)

10. Јана Пислевска           бек     Вардар          (2009)

12. Ања Начевска  крило            Вардар          (2007)

14. Ангела Тасовски         крило             Вардар          (2007)

15. Теа Трајковска центар           Вардар          (2010)

34. Мила Начевска           крило            Вардар          (2009)

44. Теодора Мариновска            крило            МЗТ Скопје  (2008)

Селектор: Виктор Петровски

Асистент-тренер: Нена Трајчевска

Асистент-тренер: Арин Агиќ

Кондициски тренер: Томислав Ѓошевски

Физиотерапевт: Борче Николовски

Доктор: Марио Јакимовски