Сезоната 2019/2020 во ФИБА Еврокупот во машка, ФИБА Евролигата односно Еврокупот во женска конкуренција нема да биде продолжена.
Вака одлучи Бордот на ФИБА Европа реализиран со посредство на видео-конференциска врска.
Трите натпреварувања кои беа суспендирани во текот на месец март, нема да доживеат ниту шампионска промоција. А клубовите учесници ќе ги добијат соодветните ранкинг-поени согласно со пласманот во четвртфиналето.
Во фокусот на вниманието на раководните структури на ФИБА Европа ќе бидат подготовките за наредната натпреварувачка сезона 2020/2021.
Новата клупска сезона би стартувала во септември/октомври, со или без присуство на публика, секогаш раководејќи се според законските регулативи на пооделни земји кои имаат свои претставници во системот за натпреварување.
Во случај натпреварувањата да не можат да стартуваат во првичните термини, истите автоматски ќе бидат одложени за јануари 2021, но со редуциран систем на натпреварување.
ФИБА Европа зема в предвид и ситуација во случај на повторување на пандемијата на КОВИД – 19, по започнување на натпреварите во предвидениот временски термин.
Тогаш сите реализирани резултати, одиграни натпревари ќе бидат потврдени, а новиот редуциран/пократок систем за натпреварување ќе биде предложен од страна на Бордот.
Датумите за ждрепката за новата сезона, привремено се утврдени за 17. и 18. август.