09.02.2025

Македонија испушти победа во последната секунда од натпреварот

Со пораз од Украина ги затвораме квалификациите за Евробаскет 2025

Со пораз од Украина на гостински терен во Рига, кошаркарките ги завршија квалификациите за Евробаскет 2025, предвиден да се одигра во втората половина на месец јуни без победа. Кошаркарките предводени од Александар Ашаданов речиси целиот натпревар бркаа резултатска негатива, за со одлична игра во последниот период да изедначат. Во последнитесекунди од натпреварот, нашата грешка ја казни противникот со два поени од линијата за слободни фрлања за конечни 74-72 односно 22-12, 15-18, 21-18 и 16-24 по делници.

Квалификациите за овогодишниот континентален собир нашата сениорска женска репрезентација ги започна во ноември, 2023 година. Циклусот го отворивме со пораз од Португалија на гостински терен (65-52). Следеше и првиот натпревар на домашен терен, против фаворитот во групата - Србија која ни го нанесе вториот пораз со 60-103. 

Следеше пауза од една година, па во рамки на вториот квалификациски прозорец нашите кошаркарки одиграа два натпревари, против Украина ипротив Португалија на домашен терен. Украина не совлада со 49-98 додека Португалија слваеше со 43-76.

Во овој трет последен квалификациски прозорец за овој циклус на квалификациски натпревари, покрај денешниот пораз од Украина запишавме и пораз од Србија со 105-60 пред три дена.

Во листата на стрелци на денешниот натпревар се запишаа капитенот Митрашиновиќ со 33 поени, Матеа Николиќ со 13, Хемпе со 11, Селцова со 8, Трајчевска со 5 и Милица Николиќ со два поена.