13.08.2018

Со речиси сто поени кадетите ја решија и Данска

Четвртиот натпреварувачки ден на Европското првенство (дивизија б) ја донесе и третата победа за нашите репрезентативци во кадетска машка конкуренција.

Со речиси сто поени на нашиот дел од семафорот (99-89 конечен резултат) кадетите ја совладаа соодветната репрезентација на Данска. 

Досега, кадетите славеа над Белгија и над Словачка, а запишаа несреќен пораз од репрезентацијата на Русија во првото коло.

 

Следно за кадетите е заверка на пласманот во четвртфиналето во натпревар против Норвешка, закажан за утре (14. август).

Целосната статистика од денешниот натпревар, како и снимка од истиот, може да се погледне на следниот линк.