13.07.2020

Од Хувентуд најавуваат дека Македонецот ќе остане во Бадалона уште една сезона, дали како позајмен играч, тоа останува отворено прашање?

Со сензационалниот Димитријевиќ и догодина во Еврокупот (ВИДЕО)

По скоро една деценија, екипата на Хувентуд се врати во Европа. Минатата сезона „зелено-црните“ заиграа во Еврокупот, и се претставија во добро светло. Беа и најефикасниот тим во ова второ, според квалитетот, натпреварување во европската кошарка. И една до најдобрите екипи на домашен паркет.
Сето тоа во голема мерка и поради одличните настапи на Ненад Димитријевиќ во ова натпреварување заокружени со просек од  

Хувентуд ќе игра во Еврокупот и во наредната сезона, а при претставувањето на групата „А“, Евролигата го најави нашиот репрезентативец како еден од лидерите на новиот тим на Хувентуд кој ова лето ќе доживее доста промени, пред се во играчкиот кадар.

Од порано се најавува дека Ненад Димитријевиќ е еден од оние играчи кои многу веројатно ќе си заминат од Бадалона. Но според една друга формула, според која младиот бек би останал уште една сезона во Хувентуд, и дури во наредната би се преселил (многу веројатно во Валенсија).

Најавите од круговите блиски од АЦБ лигата се дека нови играчи на Хувентуд би можеле да бидат Никола Лапровитола (уште еднаш), кој во оваа сезона не задоволи со игрите во Реал Мадрид, како и Анте Томиќ, кој ја напушти Барселона, и лесно би можел да остане во Каталонија, но сега како играч на Хувентуд.