„Sportive“ е новиот спонзор на Македонската кошаркарска федерација. Турската компанија за производство и дистрибуција на спортска опрема постои неколку децении, а од 1980 година започнува да произведува и своја линија. Таа линија ќе ја носат и нашите сениорски репрезентации. Сениорите ќе се борат за пласман во квалификациите за Светското првенство 2019 носејќи комплетна опрема од „Sportive“ додека сениорките во ноември ќе се борат за пласман на Европското првенство 2019 носејќи опрема од истиот производител.
Покрај македонската репрезентација, „Sportive“ е долгогодишен партнер и на турските сениорски репрезентации, како и на клубовите Банвит, Бујукчекмеџе, Пинар Каршијака, Бест Баликесир, Тофаш, Газиантеп, а оваа година беше и снабдувач на спортска опрема на турскиот „All-star“.
Македонската кошаркарска федерација одлучи да ги сервисира и сите младински селекции со опремата на „Sportive“.