12.12.2021

Вториот турнир ќе се игра кон крајот на јануари...

Со триумф на „Кино Влае“, заврши првиот квалификациски турнир  на зимската лига!

Овој викенд, освен мечевите од редовните кола во сите натпреварувачки лиги, се одржа и првото издание на зимската „3х3“ лига.

Во салата ана СРЦ „Кале“ се најдоа најдобрите баскетџиски тимови во обид да стигнат до првиот пехар во сезоната.

На крајот, би се рекло помалку олекувано, до првотоместо на турнорот стигна екипата на „Кино Влае“. Во големото финале излегоа како победници во дуелот против екипата на „Баду 3х3“, па обезбедија и стартна предност во однос на она финално бодување во трката за титулата шампион на Македонија во „3х3“.

Третото место на овој прв турнир го освои екипата на „Црно црвено“.

Наредното дружење на најдобрите екипи во ова натпреварување е закажано за крајот на јануари...

Се гледаме на вториот квалификационен турнир на крајот на јануари!