Македонската младинска репрезентација со одигрување на пријателски натпревар против Романија и запишување на победа од 66-79 стави крај на подготовките кои ги обавуваше од 1. јуни досега. Подготовките водат кон настап на Европско првенство за кошаркари до 20 години (дивизија Б) кое ќе се одигра во Софија, Бугарија со почеток на 13. јули.
Нашите репрезентативци досега се подготвуваа во Скопје и во Маврово, а одиграа и пријателски натпревари против Бугарија, Унгарија, Црна Гора и против Русија.
На Европското првенство (дивизија Б) нашите кошаркари се сместени во групата А заедно со Азербејџан, Белгија, Летонија и Белорусија.
Целосната статистика од денешниот натпревар е достапна на следниот ЛИНК.
Сите детали од Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 20 години се достапни на следниот ЛИНК.