05.01.2018

.

Соопштение до јавноста

Изминатиот месец јули Претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски заедно со Генералниот секретар Моника Гаврилоска остварија работна средба со новото раководство на Агенцијата за млади и спорт односно новиот Директор Дарко Каевски. Претседателот Наумоски и Генералниот Секретар Гаврилоска на оваа средба добија прилика подетално да го запознаат новиот Директор со ситуацијата во МКФ. Директорот беше запознаен со сите проблеми со кои се соочи раководството при преземањето на функцијата, но и со своите визии за иднината. На состанокот, раководството на МКФ побара поддршка од АМС за користење на веќе постоечки спортски сали, надвор од буџетот на што федерацијата наиде на позитивен одговор од страна на агенцијата. Претседателот на Владата на Република Македонија, Премиерот Зоран Заев, во своето обраќање на доделувањето на наградите за најуспешни спортисти за 2017 години на АМС ги потврди овие наши барања и истакна дека националните спортски федерации ќе ја уживаат неговата поддршка.

Владата на Република Македонија, заедно со Агенцијата за млади и спорт ќе овозможи и нови места и поголем простор и повеќе средства, за нови спортисти и рекреативци. Наша стратешка цел во спортот е да ги зголемиме средствата за спорт и да ги гарантираме и браниме неговата самостојност и развој. Ќе го воведеме исто така и Фондот за спорт. Идната година ја отпочнуваме постапката за изградба и на домот на спортот. Сакам да знаете дека националните спортски федерации ја имаат поддршката на Владата во обезбедувањето материјални, функционални, просторни и кадровски услови за работа. Исто така и во креирањето современ национален систем на натпревари и организирање, во којшто приоритет е интересот и потребата на младите и на граѓаните на Република Македонија да спортуваат. – само дел од обраќањето на Премиерот.

Како национална спортска федерација сакаме да изразиме огромна благодарност за поддршката да федерациите имаат свој дом со што ќе имаат поголема можност, а и слободен простор да работат на усовршување на младите кошаркари и кошаркарки односно спортисти во иднина.

Раководството на федерацијата во изминатите две ипол години покрај оромните обврски  работеше и на враќање на финансиската стабилност во федерацијата која беше изгубена поради блокирање на сметката од страна на претходните раководствени структури. Секоја пречка беше успешно премината поради што во моментот федерацијата функционира со преку 150.000 евра позитива на сметката – средства што се планирани да се вложат во идната сала која ќе биде во трајно користење на федерацијата односно за нејзино комплетно доопремување (климатизација, фитнес справи и сопствени канцеларии) со што во иднина ќе се обезбедат европски стандарди за работа, а не почеток во длабок минус како што претходно беше стекнато.

Македонската кошаркарска федерација сака да им се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт и на Владата на Република Македонија.