28.02.2018

.

Соопштение до јавноста

По барањето на Здружението на Прволигаши во врска со продолжување на рокот за плаќање на котизации, казни и лиценци за странски играчи, Македонската кошаркарска федерација го зазема следниот став:

1.Клубовите да ја исплатат првата рата од котизацијата најдоцна до 2. март (петок);

2. Клубовите да ги подмират лиценците за странски играчи најдоцна до 30. март  (петок) со обезбедена банковна гаранција за наплата до 20. април (петок);

3. Клубовите да ја исплатат втората рата од котизацијата како и сите казни дотогаш изречени најдоцна до 20. април со обезбедена банковна гаранција за наплата до 20. април (петок).

Доколку Здружението на Прволигаши се согласува со одлуката на МКФ рокот за доставување на банковни гаранции е 9. март (петок)
Во случај да не се прифатат и испочитуваат овие одлуки Комесарот за натпреварување ќе мора да постапи по Правилникот и Пропозициите за натпреварување односно одлуката донесена за суспензија.

Во интерес на кошарката, се надеваме дека клубовите нема да ја злоупотребат нашата попустливост и доверба во нив и нивното менаџирање и дека конечно ќе изнајдат решение за кое се задолжени со нивните функции за да сите заедно им овозможат континуитет и регуларно првенство на сите љубители на кошаркарскиот спорт.