15.04.2019

.

Соопштение до јавноста

Македонската кошаркарска федерација им ги честита освоените Куп-трофеи на женскиот кошаркарски клуб Вардар, кој изминатиот викенд ја освои третата Куп-титула во низа, и на кошаркарскиот клуб Работнички  кој се закити со десеттиот Куп-трофеј.

Сакаме да им се заблагодариме на градот Гевгелија  за гостопримството и за безрезервната поддршка за организирањето на овој спортски настан кој е празник на кошарката. Воедно, сакаме да им се заблагодариме и на клубовите Блокотехна и Кожув кои беа коорганизатори на натпреварите година.

Спортските сали „Негорски Бањи“ и „26 април“ беа исполнети речиси до последното место од љубителите на спортот со портокаловата топка, кои дополнително придонесоа за спортската атмосфера во целост.

Благодарност и до сите клубови-учесници во овогодишниот Куп за фер играта и за промоцијата на кошаркарскиот спорт.