На редовната седница на Управниот Одбор на Македонската кошаркарска федерација од 2.10.2018 донесени се одлуки за суспендирање на клубови-должници кон МКФ односно одлука за спортски сали кои не исполнуваат услови за натпревари од Прва лига мажи.
Согласно одлуката од Управниот Одбор на МКФ од 02.10.2018 година со која на клубовите им беше дадена можност старите доспеани долгови да ги платат на пет рати, како и според член 51 од Пропозициите за натпреварување со кој се појаснуваат санкциите кои следат на клубовите-должници доколку не ги намират своите доспеани долгови (стари и нови) во даден рок се СУСПЕНДИРА од понатамошни натпреварувања во сезоната 2018/19.
Со намирување на финансиската обврска суспензијата автоматски престанува да важи.
Согласно одлуката од Управниот одбор на Македонската Кошаркарска Федерација одржан на ден 02.10.2018 година, како и инспекцијата направена на ден 26. јуни 2018 и потоа со конечна проверка од ден 3. април 2019 година, во спортските сали пријавени за одигрување на натпревари од прва лига мажи, ве известуваме дека:
Спортските сали:
- Градски парк во Скопје
- СРЦ Кале–мала сала во Скопје
НЕ ГИ ИСПОЛНУВААТ стандардите за одигрување на натпревари од прва лига мажи, супер лига, плеј аут и плеј оф лига.
Клубовите кои ги имаа пријавено наведените сали за одигрување на натпревари, во дадениот рок не ги испочитуваа насоките од МКФ за санација и мерки за создавање потребни услови за одигрување на натпревари, поради што во спортските сали НЕ СЕ ДОЗВОЛУВА ОДИГРУВАЊЕ НА КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАРИ ОД ПРВА ЛИГА МАЖИ, СУПЕР ЛИГА, ПЛЕЈ АУТ И ПЛЕЈ ОФ. Клубовите ќе мора да пријават друга сала која ги исполнува стандардите за одигрување на натпревари од погоре наведените лиги.