09.12.2020

...

Соопштение до јавноста

Кошаркарската Федерација утре (10.12.2020) со почеток во 13:00 часот, во хотелот „ТЦЦ Гранд Плaза“ во Скопје, ќе одржи редовно годишно Собрание по следниот дневен ред:

-Избор на Верификациска комисија на Собранието;

-Избор на Работно претседателство на Собранието;

-Избор на записничар на Собранието;

-Избор на оверувачи на записникот од Собранието;

1.Усвојување на записникот од Собранието одржано на 15.05.2019 година;

2.Усвојување на записникот од вонредно дописно Собрание одржано на 23.05.2019 година;

3.Усвојување на записникот од вонредно дописно Собрание одржано на 07.10.2019 година;

4.Усвојување на записникот од вонредно дописно Собрание одржано на 07.04.2020 година;

5.Усвојување на записникот од вонредно дописно Собрание одржано на 24.07.2020 година;

6.Извештај за работата на КФСМ за 2019 година;

7.Финансиски извештај за 2019 на КФСМ;

8.Одлука за промена на седиштето на Федерацијата, со промена на член 5 од Статутот на КФСМ

*Поради строгите протоколи за заштита и превенција од ширење на COVID-19, седницата на Собранието ќе биде од затворен карактер, без присуство на гости и претставници на медиумите.