02.04.2021

Со мнозинство на гласови, прифатен е предлогот на федерацијата за измена на системот на натпреварување во Првата лига-жени

Соопштение до јавноста

Раководството на федерацијата на заеднички состанок, разговараше со претставниците на Здружението на Прва лига-жени, кои требаше да се изјаснат за двата предлози за продолжување на натпреварите во Првата лига – жени по завршувањето на првиот, регуларен дел од сезоната, одигрувањето на 10, односно 12.кола

По добивањето на сите мислења доставени од екипите учесници во Првата лига-жени во сезоната 2020/2021 до канцеларијата на Сениорските лиги и федерацијата, кои се однесуваат за и околу продолжение на натпреварите во Првата лига-жени за сезоната 2020/2021, раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, ги разгледа сите ставови доставени од страна на претставниците на Здружението на Прва лига-жени

Врз основа на добиените одговори од страна на сите шест клубови, учесници во натпреварите во Суперлигата од Прва лига-жени, одлучено е дека, во овој момент постојат услови за измени во системот за натпреварување за тековната натпреварувачка сезона 2020/2021 во Прва лига-жени.

Согласно со тоа, овој заклучок донесен во консултации со претставниците на сите екипи учесници во натпреварите од Суперлигата во Прва лига-мажи, ќе биде доставен и даден на усвојување на наредната седница на Управниот Одбор на КФСМ.

Во поединечното изјаснување на клубовите, четири клуба, ЖКК Вардар, ЖКК Крива Паланка, ЖКК Баскет КАМ и ЖКК Работнички  беа за предлогот, лигата да продолжи со вкрстување на екипите од едната група-Исток. со екипите од другата група-Запад, секој со секого на домашен и гостински терен односно шест (6)  кола.

Екипите на ЖКК Бадел 1862 и ЖКК Струга 2009 се изјаснија за вториот предлог, лигата да продолжи со двокружен бод систем односно, секој со секого на домашен и гостински терен, со десет (10) одиграни кола.