14.01.2022

...

Соопштение до јавноста

Структура добро позната, луѓе кои биле и заминале, и кои сега повторно сакаат да бидат тука, во кошаркарската федерација, се јавија повторно.

И со само ним позната цел - уште еднаш да ја дефокусираат кошаркарската и спортската јавност кај нас, со досега невиден, но за нас како федерација, и очекуван потег.

Смислено е едно сценарио, според нивните дефинитивно, ниски, индивидуални карактеристики, кое е во најмала рака - бесмислено.

Без „име и презиме“ почнаа да се „расфрлаат“ и со кривични пријави адресирани до Јавното обвинителство, а на сметка за раководството на федерацијата.

Жално е што овие структури, кои веќе биле дел од федерацијата, да се обидуваат на еден ваков начин, да го искористат ова време во кое во целиот свет владее пандемија од коронавирусот. Односно период од скоро две години во кој основната работа во спортот е да се „остане жив“, во кој максимално се трудевме и остануваме во таа насока, да ги реализираме сите планирани активности. Регуларно да го завршиме првенството, натпреварите од Купот, младинските лиги, да ги организираме натпреварите на репрезентативните селекции на највисоко можно ниво...

И наместо нивна поддршка, како спортски работници, до сите федерации за сето вложено во годините зад нас, се соочуваме со вакви анонимни пријави кои се вистинска злоупотреба, многу извесно, за реализација на некои лични интереси.

Пријавата, односни причините за поднесување на истата, се само еден доказ повеќе за нивното елементарно непознавање на правилата, на актуелните пропозиции, на актите на федерацијата.

Веројатно „пријателите“ им потврдиле дека тоа е доволно за да почне „процесот за превземање на власта“, па истите тие, а нам добро познати ликови, го прифатиле како такво.

Знаеме, ова се структури кои преку вакви потези, со сите неспортски средства, сакаат да наметнат дека нешто не е во ред со работата на КФСМ, и дека тие се најдоброто решение, макар што во изминатиот период имаа време и шанса да покажат што знаат и умеат, но не го направија тоа.

Многу подобро за нив е да ги држат рацете подалеку од спортот и кошарката, бидејќи тие се на спортистите, а не на политичките профитери кои преку вакви игри сакаат да креираат нереална слика и да ја користат федерацијата за други цели.

Немаат храброст да се појават во јавноста, да се соочат со некои малку поинакви работи, односно со вистината која е на наша страна!

Во најбрзо можно време, и навистина на виделина, ќе излезат сите кривични пријави. Ќе стане јасно што се правело, и што се прави од страна на овие кои сакаат да останат анонимни во овој бесрамен обид, да дојдат до нова прилика. Да дојдат до нешто што навистина не им припаѓа, и на кои одамна не им е таму местото.

Дека овие игри однапред им се осудени на пропаст, и нема да успеат во нивните нечесни намери, и дека повторно ќе победи правдината и кошарката!

 

Спортски поздрав

Перо Антиќ

Претседател на КФСМ