13.04.2022

...

Соопштение до јавноста

По известувањето добиено од страна на КК „Навико Академија ФМП“ од Скопје, за неможноста да се трансформира во Акционерско друштво, и соодветно на тоа да настапува во највисокиот степен на натпреварување – Суперлигата, канцеларијата на сениорски лиги при Македонската кошаркарска федерација ја информира јавноста за следните промени во натпреварувањето во Првата лига-мажи за сезоната 2021/2022:

- Поради неможноста за трансформација во акционерско друштво, како што наложуваат законските обврски, односно Законот за трансформација на клубовите во највисокиот степен на натпреварување во акционерски друштва, и поради моменталната состојба за остварување право на пласман во Суперлигата во сезона 2021/2022, екипата на КК „Навико Академија ФМП“ од Скопје не може да продолжи со настапи во највисокиот ранг на натпреварување од Првата лига-мажи, Суперлигата.

- Местото на КК „Навико Академија ФМП“ од Скопје го презема екипата на КК Феникс 2010 АД - Скопје.

Согласно со тоа, КК „Навико Академија ФМП“ - Скопје го продолжува натпреварувањето во Плеј Аут лигата, а КК „Феникс 2010“ АД- Скопје, како следна според пласманот по одигрувањето на првиот дел од првенството, го презема местото во Супер лигата во натпреварувачката сезона 2021/22.

На предлог на комесарот за натпреварување, упатен до Управниот Одбор на КФСМ, како дополнение на Пропозициите за натпреварување во сениорски лиги дополнет е еден, а има и втор, односно нов член;

Се додава нов член: 7.1.6

„Сите  екипи кои ќе остварат пласман за учество во највисок степен на натпреварување, согласно Законот за спорт член 6-а, 7, 9 и 9-а, мора да бидат регистрирани како акционерски друштва“.

Се додава нов член: 7.1.7

„Доколку екипа која ќе обезбеди пласман во највисокиот степен на натпреварување, а притоа не е регистрирана во акционерско друштво, го губи правото да се натпреварува и останува во систем на натпревари во Плеј аут лигата, а неjзиното место ќе биде надополнето со екипа која е регистрирана во акционерско друштво и е следна по пласман“.

 Конечна табела и објаснување за екипите од Првата лига мажи