Соопштение по повод успешно организиран завршен турнир од Купот на РМ - КФСМ
20.02.2017

МКФ им ги честита освоените трофеи на клубовите

Соопштение по повод успешно организиран завршен турнир од Купот на РМ

Македонската кошаркарска федерација им ја честита победата на Карпош Соколи во финалето од ЛИМАК Купот на Република Македонија во машка конкуренција со која го освои својот прв трофеј во 20 години постоење на клубот.
Честитките се адресирани и до женската екипа на Вардар која, идентично како и Карпош Соколи, го освои првиот трофеј во историјата на постоењето.
Нека трофеите кои од синоќа ги красат вашите витрини бидат први од многу.

Македонската кошаркарска федерација сака јавно да изрази благодарност до градот Кавадарци за гостопримството и на клубот Фени индустри за коорганизацијата на завршниот турнир од ЛИМАК Купот на Република Македонија. Спортската сала „Јасмин“ која беше домаќин на дванаесетте клубови беше исполнета до последното место на речиси сите натпревари, а навивачите им дадоа дополнителна мотивација на сите актери во играта на паркетот да внесат повеќе енергија. МКФ изразува и жалење што надвор од спортската сала останаа голем број луѓе кои сакаа да го проследат второто финале од завршниот турнир, но не можеа да бидат сместени внатре поради ограничениот капацитет.

Со огромна чест и задоволство канцеларијата при Македонската кошаркарска федерација може да потврди дека организацијата на сите натпревари од завршниот турнир на ЛИМАК купот помина без нималку проблеми.

Македонската куќа на кошарката сака да и се заблагодари и на компанијата Лимак Холдинг која и ја остави сета доверба кон организирање на завршниот турнир во нејзини раце.

Се надеваме на успешна соработка и во иднина.